Регулаторна тврди: Имаме најевтино гориво во регионот

 

Растот на курсот на доларот во однос на денарот односно на еврото е главната причина за растот на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава, објаснува Регулаторната комисија за енергетика.

„Клучни елементи кои влегуваат во структурата на формирање на малопродажните цени на нафтените деривати се: берзанските цени и курсот на доларот во однос на денарот. Анализите покажуваат дека курсот на доларот во однос на денарот, во изминатите два месеци поради геополитичките случувања во Украина и Русија бележи постојан раст, што прави сериозен притисок врз формирање на малопродажните цени на нафтените деривати. Во изминатата недела од 25 април до 29 април курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 3,83 % и овој пораст има директно влијание во формирањето на крајните малопродажни цени на нафтените деривати“ – објаснуваат од РКЕ

Но и во таква ситуација, како што пишува во нивното соопштение, Македонија по Унгарија има најевтини горива во регионот.

И ако гледаме во апсолутни бројки тоа е точно, но реално ситуацијата не е баш таква.
Ако направиме споредба со просечните плати кои граѓаните ги земаат во сите од овие земји, пресметките покажуваат дека Македонецот со својата плата може да купи најмалку гориво.

05.05.2022 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега