Бектеши утре во Бугарија ќе бара чаре за увоз на азербејџански гас

 

Министерот за економија Крешник Бектеши утре во Софија ќе бара чаре за алтернативно снабдување со гас. Во бугарската престолнина планиран е состанок меѓу министрите на Бугарија, Романија, Грција, Србија и Македонија заедно со претставник од Азербејџан.

Колегите договорија средба на која ќе разговараат за потребите од континуирано снабдување со овој енергент.

Ова уследи откако Русија најави дека ќе ја прекине испораката на гас до Бугарија, од каде и Македонија се снабдува. Бугарија како транзитна земја е единственото решение за гасот во Македонија додека не се изградат најавената гасна централа и гасификацијата Александрополис во Грција.

Но, не е извесно до кога Бугарија ќе има непречено снабдување со природен гас, по одлуката на рускиот гигант Газпром да ја прекине испораката, затоа што земјата одбила да го плати гасот во руски рубљи. Преку овој канал гас користи и Македонија, а земјава нема алтернатива за увоз на енергенсот. Засега од властите нема одлука за негова замена.

 

 

02.05.2022 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега