Развојна банка: Пласирање на 18 милиони евра кон домашните компании

 

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, денес ги повлече третата и четвртата транша во износ од 18 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со овие транши, се обезбедува поддршка на 45 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 145 лица.

 

Од траншата, најголем дел на средствата се наменети за компании во сегментот на трговијата и производството (14,7 милиони евра). Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки за заеми за тековни средства, со каматна стапка до 1,6%.

 

До сега, од ЕИБ 6 кредитната линија се повлечени вкупно 77,1 милиони евра за 227 компании, кои ќе вработат нови 608 лица.

Со овој заем кој РБСМ го склучи со ЕИБ во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании. Преку заемот, се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од КОВИД-19 пандемијата. Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности..

26.04.2022 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега