ССК потпиша Меморандум за соработка со престижниот Кинески центар за надворешна трговија

 

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски потпиша Меморандум за соработка со China Foreign Trade Centre (CFTC) - Кинески центар за надворешна трговија, со кој ќе се овозможи зголемување на извозот и промоција на извозно ориентираните компании од нашата земја во Кина, како и полесен пристап на кинеските корпорации кај нас, како центар за влез на европскиот пазар. По потпишување на Меморандумот се одржаа и средба меѓу претставниците на деловните субјекти на кои беа презентирани конкретни можности и интереси за соработка, а на која присуствуваа и компании  - членови на Сојузот.

Во своето воведно обраќање претседателот на Сојузот, Ангелоски ја претстави деловната клима во нашата земја и ја истакна важноста на воспоставување на директна соработка меѓу претпријатијата од двете држави.

Го организираме овој настан со цел да дадеме ветар во грбот на сите оние претпријатија кои се охрабруваат и бараат нови можности за надминување на состојбите, нови можности за економската соработка. Денеска повеќе отколку било кога е потребно да се градат мостови и да се трасираат дополнителни патишта кои ќе ги поврзан деловните субјекти од сите земји и ќе креираат подобри  услови за бизнис. Со потпишување на Меморандумот за соработка со China Foreign Trade Centre, Сојузот целосно ја покажува својата довербата и решителноста да ја прошири соработката со деловната заедница од Кина, односно да воспостави директна врска меѓу компании кои размислуваат како да ги пласираат своите производи во Кина или пак им е потребна поддршка и кинеската страна. Сојузот ќе делува како партнер кој  континуирано ќе работи на промоција на можностите за учество на престижните саемски манифестација кои ги организира CFTC “, истакна Ангелоски.

Домаќини на настанот се Кинескиот центар за надворешна трговија и Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија во чие име се обратија Хе Бингхуа, Советник за економска соработка во Амбасадата и  Џанг Сихонг, заменик-директор на Кинескиот центар за надворешна трговија.

Меморандумот за соработка предвидува двете страни заеднички да работата на промоција на соработката преку организирање на посети, саеми, бизнис патувања и консултации. Посебен акцент се става на промоција на значајните саемите за увоз и извоз кои ги организира Кинескиот центар за надворешна трговија, а на кои членовите на Сојузот ќе имаат ВИП третман. Инаку CFTC  важи за светски лидер во делот на саемски манифестации и располага со голем изложбен простор, богато искуство, професионална услугаодлични перформансикако и иновативни платформи за виртуелно учество на саемските манифестации. Меѓу позначајните манифестации кои ги организира се Кантонскиот саем, Кинескиот меѓународен саем за мебел, Кинескиот меѓународен саем за градежништво, Меѓународниот саем за автомобили.

Сојузот на стопански комори на Македонија  во 2015 година потпиша Меморандум за соработка со All-China Federation of Industry and Commerce (ACFIC), со што се формализираат континуираните напори на Сојузот да ја поттикне и унапреди економската соработка меѓу нашата земја и НР Кина на ниво на претставници на приватниот сектор, како и да се зголемат можностите за извоз и создавање на трговски партнерства.

19.04.2022 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега