Битиќи: Во јавниот сектор нема да има плати под новата минимална
Битиќи потенцира дека ќе се нивелираат минималните плати.
-Во јавниот сектор нема да има плати под новата минимална и согласувањето ќе оди според членот 8 од Законот за минимална плата. Никој не бега од тоа. За жал забораваме дека на 23. февруари немаше војна и дека ние не бевме прогласени за непријателска земја. Ние имаме војна и драстично зголемена енергетска криза и удар на економијата поради зголемување на цените. Тоа бара прилагодување. Се што сме се договориле не доведе да штрајкуваме и тоа за нас е зачудувачки. Само пред месец и пол се договоривме дека влегуваме во процес. За жал, веќе беше најавено за протест, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа