ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов неосновано клевети - ќе се видиме на суд
ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше на прес-конференцијата на Петре Шилегов.
- Очигледно дека во СДСМ неможат да се помират со фактот дека после многу децении во Република Македонија се градат репрезентативни објекти и културни институции. Денес ВМРО-ДПМНЕ гради објекти од културата, објекти за останатите државни институции, училишта, болници, спортски сали, патишта и слично. СДСМ се плаши затоа што нема со што да се пофали во своите мандати, не изградија ништо. Скопје денес се повеќе наликува на метропола додека во времето на СДСМ, Скопје беше мрачно со стари и истрошени објекти оставени на забот на времето, изјавуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека ако денес парите се трошат за градење, во време на СДСМ истите тие пари завршувале во џебовите на нивните функционери и за скапи подароци. Според партијата, СДСМ неосновано клевети, па затоа Шилегов ќе одговара пред надлежните судски органи.