ВМРО-ДПМНЕ ги превзема работите во свои раце - итна седница на ДИК за избирачкиот список
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Државната изборна комисија поднесоа предлог за свикување итна седница на која како точка на дневен ред ќе биде ставена расправа за прочиствањето на избирачкиот список. Ваквиот чекор на членовите на ДИК од владејчката патија доаѓа откако на адреса на претседателот на Комисијата Кондарко, пристигнаа критики дека 6 месеци не се работи ништо за прочистување на избирачкиот список, а неговата партија, СДСМ, со него го условува учеството на престојните избори.
Пред два дена премиерот Груевски изрази сомнеж дека одолговлекувањето на работите,првиот човек на ДИК го прави по налог на лидерот на СДСМ за да му обезбеди алиби за бојкот на евенталните предвремени избори, за кои СДСМ јавно кажа, дека не поскаува да се случат.
09.10.2013 - 11:04