Новата плус сајз манекенка си го сака своето тело, па гола прошета низ улиците на Лондон (фото)
Фелисити Хејворд има 29 години и нејзината кариера на плус сајз манекенка се вивна во височините , кога во 2012 беше забележана од модните агенти во еден паб во источен Лондон. Таа ги одушевила додека танцувала на хитовите на Дајана Рос и агентите веднаш ја ангажирале , бидејќи им се допаднала нејзината позитивна енергија и самодовербата.
Не згрешија зашто Фелисити набргу потоа позираше за магазините Vogue, Glamour I Numero , a соработува и со неколку познати козметички компании.
Иако плус сајз манекенките завладеаја со модните писти , Фелисити вели дека секој ден се соочува со негативни коментари за нејзината заоблена става.
Затоа , таа често носи многу малку облека и надвор од пистите.Така , деновиве на промоција на нова модна колекција во Лондон , се појави речиси гола во прозирен фустан без ништо под него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа