Над 1,4 милиони Македонци користат интернет, а милион Фејсбук

 

Во Македонија се регистрирани 1.440.000 корисници на интернет или 68,5 проценти од населението, а милион се приклучени на социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статис сајт „Интернет ворлд стат“.

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат во Словенија  (72,8 проценти) и во Хрватска (75 проценти). Зад Македонија се рангирани БиХ (68,1 процент), Србија (66,6 проценти), Грција (63,2 проценти), Црна Гора (60,2 проценти), Албанија (60), Бугарија (56,7).

Во Европа интернет користат 637 милиони луѓе, а Фејсбук 328 милиони. Глобалната он лајн мрежа најмногу се користат во Исланд, односно 100 проценти од жителите, по што следат Норвешка, Холандија и Шведска со 96 проценти. Најмалку интернет корисници има во Украина 43,4 проценти.

Според Интернет ворлд стат, во светот има 3,67 милијарди интернет корисници или 50,1  процент од вкупната светска популација, а 1,68 милијарди луже користат Фејсбуктички веб .

 

 

 

 

17.05.2017 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега