Еве како без „seen„ да прочитате порака на Фејсбук (ВИДЕО)
Еве неколку помалку познати трикови на најголемата социјална платформа на интернет. Ако сакате да ја избришете опцијата „seen„ од Фејсбук еве што треба да направите.
Прочитајте ја првата порака која некогаш сте ја напишале
Најлесниот начин да ја видите оваа порака е да ги преземете сите ваши податоци од мрежата на компјутер. Ова можете да го направите така што ќе одите во „General Settings“. Имајте во предвид дека процесот може да потрае, бидејќи Фејсбук ја копира секоја порака која сте ја напишале.
Исклучете ја опцијата „seen“
Не постои официјален начин како да го направите ова, што значи дека морате да пронајдете посебна апликација која ќе ви овозможи да ја исклучите опцијата.
Една од нив е „Unseen App“, а работи исклучиво на „Google Chrome“. Друга е „Crossrider’s Chat Undetected“ која работи на три пребарувачи – „Chrome“, „Firefox“ и „Internet Explorer“:
Прочитајте ги скриените пораки во сандачето
Пораките кои ги добивате од луѓето со кои не сте пријатели на Фејсбук не се појавуваат во вашето главно сандаче. За да ја отворите и да ја прочитате, влезете во „Мessages“, а потоа во „Other), каде би требало да се наоѓаат тие пораки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа