Најлуксузниот авион во светот- погледнете што се има

 

Иако можеби изгледа како само уште еден комерцијален авион, меѓутоа ако малку подобро се погледне, јасно е дека „Боинг 787 Дримлајнер“ е се само не обично летало. На неговиот луксуз може да подзавидат и светските богадаши и претседатели.

Наречен „VVIP“ поради неговиот ексклузвитет, овој авион официјално е најголем приватен авион кој чини 270 милиони евра.

За оние кои сакаат да искусат лет во магиите на овој луксуз, ќе мора да го изнајмат цел авион, затоа што не е можно да се изнајми само едно место. А за да го изнајмите на само еден час, би морале да издвоите повеќе 23.000 евра, што значи дека лет од Лондон до Њујорк ќе ве чини најмалку 188.000 евра.

Додека стандардниот Боинг 787 со своите 2.400 метри квадратни може да пренесе околу 330 патници, во луксузот на овој авион може да уживаат најмалку 30 луѓе во исто време.

Дримлајнерот има проширени прозори за подобар поглед на патниците, како и 18 луксузни кревети и главен салон за состаноци или забави. Покрај тоа има и големи мермерни купатила, со детали од храстово дрво.

Просториите за патниците се одвоени од просториите во кои престојува персоналот, а целиот овој луксуз го овозможи американската авио-компанија „Kestrel Aviation Management“, пишува Делји меил.

 

 

 

 

05.05.2017 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега