Македонски Телеком повторно дел од акцијата „Час на планетата Земја„
Македонски Телеком годинава повторно ќе се вклучи во најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светлата ќе се испрати порака за спас на планетата. На 25 март (сабота) со почеток од 20:30 до 21:30 часот Македонски Телеком ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје.
Свесни дека климатските промени се едни од најсериозните проблеми на денешницата, традиционално со години наназад Македонски Телеком е дел од од оваа глобална еколошка акција, покажувајќи ја својата општествена одговорност и посветеност за заштита на човековата околина.Затоа, компанијата постојано презема активности насочени кон оддржливо општество во интерес на идните генерации.
Во своето работење, Македонски Телеком придава голема важност на заштитата на животната средина, што е потврдено и со ИСО сертификатот ISO 14001:2004 стекнат во 2011 година. При извршувањето на секојдневните оперативни активности на терен, се користат велосипеди како алтернативно превозно средство со цел да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата. Дополнително, Македонски Телеком применува иновативни решенија за зголемување на енергетската ефикасност,а грижата за животната средина се потврдува и со замена на хартиените сметки со електронска сметка за корисниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа