Дали ви се вклучува роаминг на телефонот додека сте во Македонија - како тоа ќе влијае на вашата сметка
Роамингот кои деновиве се вклучува на мобилните кај дел од граѓаните нема да ги зголеми нивните сметки уверуваат од АЕК. Причината за тоа е што со спојувањето на Оне и Вип дел од претплатниците сеуште се на старата мрежа и додека да се префрлат на новата се ставени на национален роаминг.
Заклучно со третиот квартал лани регистрирани се над 2 милиони активни претплатници во мобилната телефонија 3,6 отсто повеќе од претходниот квартал. Поголем дел од претплатниците користат припејд услуги отколку постпејт. Намален е и бројот на испратени СМС пораки.
Од компанијата велат дека наскоро во Македонија со работа ќе почне нов четвр мобилен оператор.
Од АЕК велат дека изминатиов период намален е бројот на жалби и поплаки од граѓаните. Што се должи на зголемената едукација кај луѓето и контролите кои од АЕК врз операторите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа