„Сикрет четс“- нова опција за корисниците на Вибер
„Вибер“ деновиве ќе ја активира опцијата „Сикрет четс“, која што ќе значи поголема дискретност за корисниците.
Станува збор за чет-разговори каде што пораките, по наша желба и потреба, ќе можат автоматски да се избришат, откако оној кон кого се испратени, ќе ги види. Уште повеќе, таквите „тајни пораки“ нема да може да се зачувуваат преку „принт скрин“…
Целиот разговор ќе остане криптиран во рамките на „Вибер“. Корисникот ќе може да води два паралелни разговора (еден обичен и еден таен) со ист соговорник или група. Тајниот чет е означен со катанче.
16.03.2017 - 23:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа