И се заканил со пиштол и се обидел да ја киднапира - храбри тетовчани спасија малолетничка од канџи на насилник
19 годишниот А.Ш. од тетовското село Мала Речица заработи кривична пријава, откако на ноќта на 7. јули годинава нападнал своја 16 годишна познаничка.
Како што информираат од полицијата, А.Ш. го сретнал девојчето, а откако таа одбила да влезе во неговото возило, и се заканил со пиштол и се обидел насилно да ја внесе во возилото. Двајца случајни минувачи го спречиле бесниот тетовчанец, а тој, го насочил гневот кон нив. Инцидентот го спречиле полициски службеници.
А.Ш. кривично ќе одговара за „грабнување“ во обид, „недозволено изработување држење или тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.