Десетина момчиња повредени во масовна тепачка пред „Привилиџ“ - се пролеа крв во скопскиот Градски парк
Десетина момчиња се повредени во тепачка која се случила ноќеска пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк во Скопје, информираат од МВР.
Неколку момчиња завршиле во болница. Сеуште не се познати причините за инцидентот. Полицијата работи на расветлување на случајот.