Тешка сообраќајка пред Охрид - едно лице во блоница
Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што вечерва околу 19.30 часот се случи на регионалниот пат Охрид - Струга.
Како што информираат од СВР Охрид, од засега непознати причини се судриле две патнички возила марка „Пежо 306“ со битолски регистарски таблички и „Даеву“ со охридски регистрации. Во незгодата тешко бил повреден возачот на пежото.
На местото на наесреќата извршен е вид од страна на сообраќајната полиција и истражен судија.
10.08.2013 - 23:55