Корисен трик за сите што сурфаат на интернет: Како за секунда да ја поправите грешката што сте ја направиле?
Кога сурфаме на интернет, често се случува да имаме еден куп отворени јазичиња и случајно да го затвориме она кое ни е најпотребно во моментот. Сепак, постои еден едноставен трик кој ви овозможува брзо да го вратите затвореното јазиче.
За да го вратите последниот затворен таб (на Хром, Фајрфокс или Вивалди) притиснете Control + Shift + T или обидете се со десен клик на активно јазиче, по што ќе ја одберете опцијата „Reopen Closed Tab“.
Кај Мекбук и на Сафари треба да ја одберете опцијата Command + Shift + T.
28.11.2016 - 16:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа