Самсунг: Галакси 7 нема проблеми со батеријата, во САД од 10 милиони уреди досега нема ниту еден пријавен за дефект
По разните пријави за прегревање и експлозии на Samsung Galaxy S7, од компанијата тврдат дека нема причини за загриженост. Во објавеното соопштение, корејската компанија пишува дека не се регистрирани внатрешни проблеми со батеријата на Galaxy s7, туку дека се регистрирани надворешни оштетувања.
„Samsung стои зад квалитетот и сигурноста на повеќе од 10 милиони уреди во САД и досега нема ниту еден потврден случај за дефект на батерија. Сепак имаме регистрирано разни надворешни оштетувања. Се додека Samsung не е во можност да го прегледа уредот, не е можно да се утврди која е причината за инцидентот“ – велат од компанијата.
Маж од Винипег минатата недела за CTV News изјави дека неговиот Galaxy S7 почнал да се загрева додека го носел во џебот и му експлодирал кога го извадил.
Galaxy S7 и S7 Edge се на пазарот веќе подолго време и шансите некој од тие телефони да имале сериозни проблеми со батеријата се мнгоу мали. Колку за потсетување, проблемите со батеријата на Note 7 се појавија по само неколку недели, а иако од Samsung објавија официјално извинување, се уште не објавија кои биле проблемите со батеријата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа