„Њујорк тајмс“: Кинески смартфони опремени со тајна програма за собирање информации
Смартфони од кинеско производство можеби се опремени со тајна програма, со која на секои 72 часа на кинески софтвер му се препраќаат СМС пораките кои се ипратени или добиени од таков телефон, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Експертите во областа за безбедноста неодамна открија во некои смартфони со оперативен систем Андроид програма, која ја следи локацијата на корисниците, со кого разговараат, како и содржината на нивните пораки.
Засега не е познато дали ова е тајно собирање податоци за рекламни цели или кинеските власти се обидуваат на тој начин да собираат разузнавачки информации.
Американската компанија „Криптовајер“, која работи во сферата на безбедноста и која ја открила тајната програма, смета дека со неа на кинески сервер му се препраќа целата содржина на пораките, листите на телефонски броеви, податоците за траењето на повиците, како и локацијата на корисниците.
Весникот нагласува дека клиентите, кои купувале такви телефони, не биле инфорнирани за програмата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа