ВИДЕО: Бразилец направи мотор кој троши литро вода на 500 километри
Рикардо Азеведо од Сао Паоло, Бразил, направил чудесен мотор кој може да помине 500 километри со литро вода.
Имено, акумулаторот на моторот го користи водородот од молекулите на водата и така генерира електрична енергија, со помош на која ова чудо се движи.
Рикардо во видеото покажа како тоа функционира, а пред да ја стави водатата во резервоарот испи неколку голтки за да докаже дека навистина се работи за вода.
Тој исто така покажа и како моторот се движи. На овој начин сакаше да го промовира својот изум како еколошка машина.
- Предноста на овој изум кој го користи водородот од молекулите на водата е во тоа што издувните гасови се водена пареа. Тоа се разликува од бензинот кој дава јаглероден моноксид, рече тој
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа