Паметна маичка, вибрира при лошо држење на телото

 

Холандската модна дизајнерка Паулина ван Донген осмисли паметна маичка која вибрира во случај на лошо држење на телото.

Оваа маица „ FysioPal” е дизајнирана со цел да се поправи лошото држење на горниот дел на телото, и да ја предупреди личноста која ја носи дека е згрбавена.

Дизајнерката Донген паметната маица ја направила во соработка со компанијата „Елитак“ која произведува екрани на допир,  маичката „ FysioPal“ во себе содржи сензори кои податоците ги испраќаат на мобилна апликација.

Маицата која е планирано да се носи како поткошула ги мери позициите на вратот, рамената и грбот. Овие мерки потоа ги испраќа на апликација која податоците ги визуализира и го оценува држењето на телото на личноста што ја носи маицата.

Доколку маицата забележи некаква неприродна згрбавеност лесно вибрира со што и испраќа сигнал на личноста дека треба да го смени начинот на кој седи или стои.

Сензорите на маицата инаку се ламинирани во текстилот , што ја прави удобна за носење , а и лесна за одржување бидејќи може да се пере во машина.

 
 
06.10.2016 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега