Ново изненадување за корисниците на Телеком
Македонски Телеком од денеска го збогатува Magenta 1 портфолиото со нова иновативна „COOL“ понуда специјално дизајнирана за најмладите членови во семејството. Новата понуда е единствена на пазарот која нуди придобивки како за родителите, така и за најмладите членови.
„COOL“ вклучува 4 GB интернет за безгрижно сурфање, неограничени разговори во мрежата на Македонски Телеком и 100 минути кон други мрежи. Дополнително, за прв пат на пазарот се воведува целосна контрола на трошење во постпејд, со која родителите ќе можат да го контролираат трошењето на своето дете и ќе имаат можност да му активираат дополнителни пакети. Со Kaspersky Safe Kids апликацијата, родителите меѓу другото ќе можат да ги заштитат своите деца од опасни и несоодветни содржини на интернет, да го контролираат времето на користење на мобилниот уред и во секое време да знаат каде се наоѓа нивното дете.
Истовремено со воведувањето на „COOL“ понудата за млади, од денеска започнува уште едно интересно изненадување од Македонски Телеком. Стартува новата наградна игра наречена „100 хаверборди за 100 среќни COOL кoрисници“. Право за учество во играта имаат сите активни Magenta 1 корисници со вклучена „COOL“ сим картичка. Наградната игра започнува на 03.10.2016 година и ќе трае до 25.11.2016 година, а среќните добитници ќе бидат познати по пат на компјутерско извлекување во 4 одделни циклуси. Дополнително, Македонски Телеком креираше ексклузивни стикери за супер забавна комуникација, кои можат бесплатно да се превземат на Viber, а истите се достапни за сите Viber корисници во Македонија.
Magenta 1 не претставува само пакет на услуги, туку посебен концепт кој има за цел да ги обедини најдобрите комуникациски можности според потребите на секој член на семејството - за еден модерен и динамичен животен стил, сè во едно и преку една сметка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа