Ова ќе ви се допадне: Нова опција за корисниците на Facebook
Социјалната мрежа Facebook наскоро на корисниците ќе им овозможи да оставаат приватни коментари на фотографии, а нивниот коментар ќе може да го види единствено оној кој ја објавил фотографијата или личноста на која коментарот е упатен, пишува Metro.
Овој начин на коментирање ќе им овозможи приватност на корисниците да упатуваат коментари кои нема потенцијално да ги вознемируваат другите корисници, од политичка или верска содржина и слично.
Не е познато кога опцијата ќе стане достапна, со оглед на тоа што веќе се тестира.
29.08.2016 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа