ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Дете загина во сообраќајка - едно лице се бори за живот
Петгодишно девојче загина во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Градско-Прилеп пред тунелите кај Дреновската клисура, потврди Итната медицинска помош во Кавадарци.
– Станува збор за неготинска фамилија, татко со девојче и баба и дедо кои оделе кон Ресен. Најверојатно, поради влажниот коловоз возилото марка „Форд фиеста” излетало од патот. Девојчето починало на лице место, а таткото и бабата завршиле во кавадаречката болница. Дедото е исто така повреден и не е во животна опасност. Најверојатно има скршеница, во шок е и одбива помош, информираа од Брзата помош.
Оваа трагедија ја потресе Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа