Мисајловски: СДСМ имаше шанса, но не ја искористи -ние создаваме нова историја во патната инфраструктура

Во тек се инвестиции преку една милијарда евра во реализација на капитални проекти во Република Македонија. Инвестираме во моментов преку 84 милиони евра во инвестиции по железничката инфраструктура како што е изградбата на нова пруга кон Бугарија, изградба на нова пруга кон Грција, проектираме нова пруга кон Албанија, ги рехабилитираме железничките станици долж Коридоро10, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во интервјуто за ТВ Нова.

-Патиштата се наш приоритет. Активно се работи на изградба на новите автопатишта, инвестиција од околу 800 милиони евра. Во фаза на реконструкција се дури 13 регионални патишта во кои инвестираме преку 48 милиони евра. Сето ова го правиме за подобрување на на патната инфраструктура во Република Македонија. СДСМ претходно имаше шанса не ја искористи. Оваа Влада ја согледа потребата прво во реконструкција и изградба на локалните патишта зошто знаете тие беа најпотребни за поврзување на руруалните подрачја, истакна Мисајловски.

Тој најави дека за брзо време ќе отпочне со изградба на новиот експресен пат од Градско кон Прилеп, а во првата половина од оваа година ќе започнат да се градат и уште три експресни патишта во Источна Македонија како и од Охрид до Пештани, со вкупна инвестиција од над 200 милиои евра.

Во делот на авиосообраќајот, министерот изрази задоволство како се реализира проектот за воведување на нови дестинации. Потенцираше дека до сега преку субвенциите што ги обезбедува државата воведени се двасетина дестинации кон европски градови што ја прави Македонија атрактивна и во тој дел од бизнисот.

-За еден месец Визер ќе почне да лета кон Копенхаген, Братислава и Берлин а од мај Чех ерлајнс ќе воведе линиј кон Прага. Ако пред десет години се леташе кон само 15 дестинации сега имаме 34 дестинации од скопсиот и охридскиот аеродром. Тоа е успех за нас како држава. Ние и понатаму ќе работиме на привлекување на нови авиолинии се со цел да овозможиме полесна комуникација насекаде каде нашите граѓани имаат потреба од тоа, истакна Мисајловски во интервјуто.

 

 
 
21.02.2016 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега