ВАЖНО: Ако патувате накај Грција треба ова да го знаете

 

Од 9 до 13 часот и од 17 до 21  часот во целосен прекин ќе биде сообраќајот за влез и излез од Македонија - Грција на граничните премини Меџитлија - Ники, поради штрајк на грчките земјоделци кои поставуваат трактори во близина  на преминот Ники, информира Автомотосојузот на Македонија.

Од 10 до 12 часот на граничниот премин „Богородица“, од страна на здруженијата на лиценцирани такси превозници и лиценцирани автобуски превозници од Гевгелија, се одржува јавен собир  на кој присуствуваат околу 70 такси возила и 12 автобуси, по што пред граничниот премин е блокиран А1 автопатот во двете насоки, соопшти АМСМ. 

 
 
21.02.2016 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега