Зимата продолжува - повторно снег во Македонија

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови каде на планините ќе се формира нова снежна покривка. Преку денот ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието и на планинските места.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од пет до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и доста посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен на моменти засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се искачи до девет степени.

Во недела и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност, а дневната температура ќе бележи пораст.

Од вторник се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд.

 
 
20.02.2016 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега