ЕУ И САД ќе ја соопштат проценката за изборите

Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување кредибилни избори на 24-ти април ќе биде објавена денеска попладне.

Евроамбасадорот Аиво Орав, неделава одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.

– Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино, рече евроамбасадорот Орав.

Тој потсети дека ја оценуваат ситуацијата во три области за подготовката за изборите и тоа ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, медиумите-балансирано известување и договорот на четирите партии за реформи во медиумите, одвојувањето на државата и партиите, како и притисоци и закани.

 
 
20.02.2016 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега