Јавна расправа за експресниот пат Штип-Кочани

Во Општина Штип денеска се одржа јавна расправа за изградбата на експресниот пат Штип-Кочани. Жителите на селата Три чешми, Чардаклија, Долни и Горни Балван и Крупиште беа информирани од проектантскиот тим каде ќе поминува новиот експресен пат и колкава земјоделска површина ќе биде зафатена со изградбата на оваа нова делница.

Бошко Цилаков дел од проектанскиот тим на фирмата „Чакар партнерс“ од Скопје вели дека експресниот пат низ атарите на овие штипски села ќе биде во должина од 14,3 километри и е наречена клучка „Ванчо Прќе“, а е дел од државната патна мрежа А3.

– Патот е со ширина од 11,4 метри. Тоа е како патот што во моментов се гради од Велес до Штип. Јас би кажал дека ќе има подобра геометрија, подобри геометриски карактеристики, бидејќи во иднина оваа патна делница ќе прерасне во автопатско решение. На оваа средба ќе се расправа поголем дел за експропријацијата на земјиштето, рече Цилаков.

Тој забележа дека со изградбата на експресниот пат Штип-Кочани ќе се одземат од 350 до 400 хектари, а од кои 75 проценти ќе бидат државно земјиште, а останатите 25 проценти се приватно земјоделско земјиште. Се избегнува и овој пат да поминува низ селата во штипскиот и кочанскиот регион, што го прави и безбеден за месното население, но и за возачите.

-Трасата е поместена северозападно од постоечката траса од околу три километри, со заобикулување на населените места, рече Цилаков.

На делницата од Штип до село Крупиште ќе има десет патници и подпатници, додека од Крупиште до Кочани ќе има три мостовски конструкции и 10 патници и подпатници. Планирани се четири клучи, од кои правта е кај ТИР зоната во Штип, а последната е старата клучка кај Кочани, која ќе биде реконструирана.

 
 
19.02.2016 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега