Груевски: Сите граѓани може да гласаат слободно, без никаков притисок или заплашување

Македонското општество, иако е млада демократија, веќе има традиција на слободни и фер избори каде граѓаните може слободно да ја изразат нивната волја и избор. Ова е истакнато и во релевантните извештаи на ОДИХР, ОБСЕ и Парламентарното собрание на Советот на Европа. Постојат и слабости и предизвици кои треба да се подобрат и ве уверувам дека во минатото имаме направено сè што е можно за да се справиме со нив. Би сакал да ја охрабрам Владата за организацијата на изборите да продолжи со овој процес, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.

-Бидејќи суштинска вредност на демократијата е слободата на избор, би сакал да истакнам дека сите граѓани може да гласаат слободно, без никаков притисок или заплашување од страна на кој било кандидат или партија. Гласачите не треба да се плашат за своето вработување или своето работно место, ниту за социјална, или каква било друга услуга која ја обезбедува Владата како резултат на поддршката или неподдршката на која било политичка партија или кандидат. Тие мора да изберат слободно. Заради тоа ги повикувам и охрабрувам сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ да не помислат на вршење притисок или заплашување на гласачите, а и ги охрабрувам да испратат писмени упатства до нивните институции во иста насока, правото на глас е слободно. Сакам да истакнам дека треба да постои нула толеранција за секој поединец кој ја злоупотребува позицијата, вели Груевски.

Груевски потсетува дека ВМРО ДПМНЕ го смени изборниот законик при што воведе големи казни за сите кои го злоупотребуваат гласачкото право или злоупотребуваат или прават притисок врз гласачите.

-ВМРО ДПМНЕ е сигурна во поддршката која ја има од граѓаните и она што го сакаме и бараме се слободни и фер избори. Граѓаните треба да изберат да гласаат и оние кои гласаат треба да направат избор врз основа на програми и кандидати. Веруваме во нашата програма и кандидати. Ги повикувам останатите политички лидери да се обврзат на истото и да испратат исти пораки до функционерите од нивните партии. Слободните и фер веродостојни избори се неопходност за Македонија, заклучува Груевски.

 
 
19.02.2016 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега