Нова метода и операциона сала на Клиниката за очни болести

Универзитетска Клиника за очни болести Скопје воведува нова медицинска метода на лекување на пациенти со проблеми на рожницата (корнеата), со таканаречен крослинкинг метода. Оваа интервенција ќе биде на товар на ФЗОМ со плаќање на партиципација од страна на пациентите.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска истакна дека во клиниката за таа цел е направена уште една операциона сала и набавена е нова апаратура.

Реконструирана е просторија со која е добиена уште една операциона сала . Набавена е нова апаратура. Целата инвестиција е во вредност околу 10 милиони денари, за реконструкција на просторот и за набавка на опрема за операционата сала. Со тоа на оваа клиника се овозможи покрај тоа да добиеме уште една операциона сала да се овозможи и воведување на нова метода, а тоа е методата на крослинкинг, која што е значајна метода и се користи пред кератопластика . Особено е значајна кај помлади луѓе со што се заменува кератопластиката која што е сериозна и тешка операција, истакна Тодоров.

Министерот посочи дека за изведување на оваа метода клиниката има и обучени лекари кои претходно биле на обука во Софија , Истанбул и Љубљана, а во моментов со македонските доктори им помага во воведувањето на новата метода доктор од Софија, Р. Бугарија.

-Очекувам дека по воведувањето на оваа метода ќе може да се изведат околу 30 вакви интервенции во текот на годината и на тој начин да се превенираат односно да се спречат посериозни операции на кератопластика што е од особено значење за помладата популација, рече Тододров.

Директот на Клиниката за очни болести Илиз Исмаили истакна дека оваа метода се употребува за запирање, односно да не се продлабочува болеста што води кон кератопластика.

Исмаили посочи дека крослинкинг методата и досега се применувала во Македонија, но само во приватните болници. Тој потенцираше дека Македонија е единствена држава во регионот во која со поддршка на Министерството за здравство и Фондот се воведува овој метод на лекување.

 
 
19.02.2016 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега