Распишан тендер за нов водоснабдителен систем во Долно Количани- се исполнува уште едно ветување

Министерството за транспорт и врски распиша тендер за изградба на водоснабдителен систем на населено место Долно Количани, општина Студеничани. Реализацијата на овој проект практично е исполнување на заложбите кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот Владо Мисајловски ги додоа пред граѓаните при посетата на општина Студеничани во август минатата година.

Токму при посетата на Груевски и Мисајловски граѓаните го потенцираа проблемот со водоснабдителен систем. Иако Груевски не вети, тој посочи дека ќе направи се што е во негова моќ да се надмине проблемот.

-Многу внимателно ќе ги разгледаме работите и со градоначалникот на Скопје а ќе го поканиме и градоначалникот на Студеничани кога ќе се врати и со министерот за транспорт и врски и се што можеме да направиме ќе направиме, рече Груевски во Количани во август.

 
 
19.02.2016 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега