Значително зголемен бројот на заболени од грип

Од почетокот на годинава на гостиварското подрачје регистрирани се над 600 заболени од грип, информираа од епидемиолошкото одделение на Центарот за јавно здравје – Гостивар. Досега пациентите поминувале со полесна клиничка слика и без компликации.

Војислав Огњаноски, епидемиолог во Центарот за Јавно здравје Гостивар изјави дека очекува бројот на заболени од грип да се зголемува во наредниот период имајќи ги во предвид метеоролошките состојби кои се погодни за ширењето на вирусот.

– Во последната недела од јануари имаше 136 случаи на зболени од грип, а минатата недела веќе има 205. Бројот на заболени сигурно е поголем со оглед дека во практика дел од заболените не се јавуваат лекар, а со тоа и не се регистрираат. Оние кои не примиле вакцина во периодот на забрзано ширење на заболувањето треба да ги почитуваат општите мерки на превенција, рече Огњаноски.

Епидемиолозите сметаат дека ефикасна заштита од грипот е вакцината и препорачуваат, граѓаните да не се лекуваат на своја рака и да посетат лекар кога ќе почувствуваат симптоми на грип.

На подрачјето на Гостивар вакцина против грип примиле 1.100 граѓани.

 
 
19.02.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега