Џефри Гордон: Цензорски предлог на Заев за медиумите како од комунистичка ера

Поранешниот портпарол на НАТО, Џефри Гордон напиша колумна во која ја анализира состојбата во Македонија. Истата беше објавена во „Daily caller“.

Тој пишува за политичката состојба, за состојбата со мигрантите. за заканите за бојкот на изборите го обвинува лидерот на македонската опозиција, Зоран Заев. Во колумната анализира за предлозите за медиумите, а бара меѓународната заедница да ги поддржи изборите во април.

-Треба да се поддржат парламентарните избори во април, за според договорот, да се обезбеди стабилност. Поранешниот премиер Никола Груевски, кој ја водеше Македонија од 2006-та година се до оставката минатиот месец, е ставен на тест од СДСМ, кои планираат да ги бојкотираат изборите, а за тоа се користат со уцена. Неговиот главен противник, Зоран Заев, објави монтирани аудио снимки од приватни разговори на Груевски, тактика со која би се гордеело поранешното КГБ. Бидејќи анкетите не се во корист на Заев, тој се обидува да го заобиколи процесот. Ниедна демократија не би толерирала ваква политичка корупција. И најголемата иновација на Заев, дозволува цензура на медиумите, нешто што не враќа во комунистичката ера, пишува Гордон.

Гордон во колумната апелира да и се помогне на Македонија за да стане членка на НАТО.

-Прво, да се среди состојбата со безбедноста на границата на Македонија. Ова е клучна порта во Европа, важна за западната одбрана и место каде се собира наплив од мигранти. Да им се помогне да направат ограда околу јужната граница, со што физички ќе се сопрат мигрантите кои доаѓаат од Грција. Второ, да се направи Балкански центар во Скопје. НАТО треба да донесе трупи не само да ги штитат македонските граници, туку и да се борат против шверцот на луѓе, оружје и дрога. Потоа, да се поттикне Грција да сопре со блокирање на македонската интеграција во европските воени и економски алијанси поради одбивањето да се нарекуваат FYROM, односно поранешна југословенска Република Македонија, пишува тој во колумната.

Поранешниот портпарол на НАТО пишува дека не само Македонија, туку и западноевропските земји треба да разберат што се случува од стратешка перспектива.

 

 

 
 
19.02.2016 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега