Боцевски: Време е да се затвори ова поглавје и да има стабилна Влада
Кризата со бегалците наложува на тоа државата да има стабилна Влада. Оваа криза, смета Ивица Боцевски, е криза со каква не само Македонија, туку и Европа се нема соочено и затоа е нужно што поскоро воспоставување на стабилни институции.
-Критично е сега лидерите кои го ставија потписот да не го реализираат според рокови и да се одржат избори. Се наоѓаме во драматична ситуација и сега кога ќе распламти миграциската криза на Македонија не и требаат преодни институции, рече Боцевски на дебатата на Тв Нова.
Сепак, смета тој, македонската полиција, армија и безбедносни структури добија кредибилитет, бидејќи се покажаа во исклучително светло и во момент кога во државата беше сменет министер за внатрешни работи премиер, а на границата имавме илјадници бегалци.
-Бегласката криза носи повеќе нови моменти и бара жестока акција и законски измени кои не се возможни без Влада со јасен мандат и Собрание. Време е да се затвори ова поглавје бидејќи предизвиците го бараат тоа, заклучи Боцевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа