Какво време не очекува утре?

 

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно. Во утринските часови локално се уште ќе има слаби врнежи од дожд, особено во западните делови на земјава, а преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, само во крајните југозападни делови на земјава повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од четири до девет, а дневната од 14 до 20 степени.

Во Скопје во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, преку денот ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и северен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

 

 

 
 
18.02.2016 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега