Македонски манифест: Избори без одложувања, крај за малтретирањето на народот и државата

Доста ни е од политичките калкулации и уцени на евроамбасадорот Орав и комесарот Јоханес Хан кои се однесуваат на официјално објавените за 24 април парламентарни избори во Република Македонија, реагира Македонски манифест.

-Одлуката за тие избори е дел од наметнатиот од САД и ЕУ договор во Пржино, со кој наместо да се смири, беше проширена вештачката политичка криза во државата. Обидите за одлагање на изборите се со цел за продлабочување на кризата, и за крај – менување на македонското име, идентитет, официјална федерализација и уништување на македонската држава. Доста ни е веке од американскиот и европскиот геноциден притисок врз македонскиот народ, стои во нивното соопштение.

Македонскиот манифест се обрака кон меѓународните фактори да не се мешаат повеќе во македонската иднина.

-Истовремено бараме од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да не потклекнува по никоја цена на уцени и одлагање на изборите, дури и само со еден ден. На малтретирањето со македонскиот народ и македонската држава мора да се стави крај, а душегрижниците од надвор и внатре мора да добијат тоа што заслужуваат, се вели во соопштението на Македонски манифест.

 
 
18.02.2016 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега