Јакимовски: СДСМ бара медиумски баланс, а не се појавуваат на ТВ дебати

Некој цело време во Македонија тврдеше дека медиумите во Македонија имаат проблем со Власта, но очигледно е дека медиумите имаат проблем со опозицијата, опозицијата е таа која што сака да ги нормира и регулира.

-Еве гледате вечерва: Јас имам прашање до СДСМ. Дали вечерва не им се допаѓа соговорникот и тие не дојдоа на оваа дебата? И да прашам: Што мајка бараа кај Латас? Знаеја каков соговорник е Латас и тука можеа да одберат дали ќе одат на таа дебата или нема да одат. Заев отиде на таа дебата сметајќи дека дошол со куп документи и дека ќе ја фасцинира јавноста но испадна нешто сосема друго, подвлече Јакимовски.

СДСМ се плаши од аргументи, тврди Јакимовски, поточно од својот недостаток на аргументи, од друга страна владејачката коалиција има цел и знае каде оди.

 
 
18.02.2016 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега