Грижата продолжува: Седум нови мерки и проекти за младите
Седум нови мерки и проекти за младите од различни области најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред членовите на Унијата на млади сили.
Со првиот проект е предвидено да се намали партиципацијата за 50 проценти за студенти од самохрани и еднородителски семејства.
Проекти за основање и отворање на национална математичка гимназија во Скопје.
Проекти за стимулација за упис на техничките факултети.
Проекти за изградба на нов современ конгресен центар во Охрид.
Со проектите е предвидено и изградба на нов отворен базен во рамките СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Проекти за возобновување на објектот на некогашната учителска школа во Скопје.
Изградба на современи бини за настани и манифестации на шест плоштади во Скопје.
Според Груевски, станува збор за седум значајни проекти за младите кои се доказ за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон создавање дела и нивниот влог за подобар живот на младите.
Со претходните проекти кои ги промовираше ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Груевски, за околу два месеци понуди 34 проекти за млади.
- Тоа се 34 различни проекти прецизно обмислени со конкретни рокови и динамика на реализација, 34 проекти зад коишто стои нашиот труд и нашата визија за младиот човек, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа