Oсум и пол годишниот планинар Ване Бошев ќе искачи два врва во чест на Борис Трајковски

Младиот планинар, осум и пол годишниот Ване Бошев од планинарското друштво „Неготино МКД“, во спомен на прерано загинатиот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и неговите соработници, во сабота и недела ќе искачи два врва во соседна Албанија.

За ова информираше денеска  неговиот татко Орданче, кој е исто така долгогодишен планинар.

– Станува збор за врвот „Гарови“ со 2.694 метри надморска височина и „Мали Гарови“, со 2.564 метри надморска височина. Нив Ване ќе ги искачи заедно со планинари од планинарските друштва „Елбасан“ и „Томор” од градот Берат во Албанија, рече Орданче.

Бошев планинари од неполни три години и досега има освоено над  педесет планински врвови во земјава и странство, а на седум и пол години го освои и Триглав. Има добиено и бројни признанија за планинарство.

 
 
18.02.2016 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега