Попоски се сретна со известителите на мониторинг комисијата на СЕ

ЕУ и НАТО интеграцијата на Република Македонија, напредокот во соработката со Советот на Европа и внатрешно-политичката состојба, беа теми на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа, Лиза Кристоферсен и Валериј Гилечи.

МНР соопшти дека за време на средбата Попоски го реафирмирал стратешкиот интерес на државата за членство во Европската Унија и НАТО, потенцирајќи ги значењето и поддршката на Советот на Европа во остварувањето на реформските заложби на нашата држава. Исто така, соговорниците размениле мислења за напредокот постигнат во однос на соработката со Советот на Европа и пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија.

Воедно, тие разговарале и за тековната политичка состојба во земјата и напредокот во спроведувањето на Договорот од Пржино, со цел имплементација на фер, демократски и слободни избори.

За време на средбата било изразено заемното задоволство од досегашната соработка на Република Македонија со Советот на Европа, како и очекување истата да продолжи и во иднина.

 
 
17.02.2016 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега