Скандал во струмичките болници: Им давал мобилни, за да му јавуваат кога некој ќе почине
СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицата И.Н. (40) од Прилеп, Љ.Ѓ. (41) од Струмица, Т.Н. (43) од с.Василево, струмичко, М.Т. (58) од с.Костурино, струмичко, Л.Б. (62) од с.Босилово, струмичко, А.Г. (50), С.Ш. (42), В.В. (53), К.П. (54), М.Т. (52), В.К. (57), К.Д. (56), Т.Г. (56), Р.Ј. (48), К.П. (54) и Т.В. (50), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека прво и второ пријавените сториле кривично дело неовластено давање на подароци, додека пак останатите пријавени сториле кривично дело неовластено примање на подароци.
Првопријавениот, како вработен во погребалниот оператор ДПТУ „ИГОР и Б Интернационал“ ДООЕЛ-Струмица, во договор со второпријавениот како сопственик и управител на наведениот правен субјект и на правниот субјект ДПТУ „Атила Интернационал Груп“ ДООЕЛ-СТРУМИЦА, во текот на 2015 и 2016 година, со цел остварување на противправна корист, во повеќе наврати им давал подарок-парични средства, мобилни телефони и друга корист на останатите пријавени.
Тие како вработени во ЈЗУ„Здравствен Дом“ – Струмица и ЈЗУ „Општа Болница“ им овозможувале на првопријавените приоритетно јавување и превземање на оператори и производители на погребална опрема на подрачјето на Општина Струмица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа