Дипломатите со шеги на сметка на медиумите на СДСМ
Медиумите на опозицијата вистински ги насмеале претставниците на дипломатскиот кор. Според информациите, дел од дипломатите се шегувале на сметка на медиумите на Заев кажувајќи вицеви за тоа што ќе биде „ексклузивната“ вест која тие ќе ја објават по вечерашната средба на премиерот Груевски со амбасадорите во Владата.
„Ексклузивната“ вест на медиумите на СДСМ беше „информацијата“ дека се вршел притисок врз премиерот Груевски и дека амбасадорите вечерва ќе испорачале „последно предупредување.
Сепак, по средбата тие излегоа со конструктивна изјава во која нема ниту еден збор од најавите на медиумите кои се уредуваат на Бихаќка.
Бевме тука да го изразиме нашиот став до Владата, и нашите гледишта, немам посебна изјава вечерва, само ја изразивме пораката за ургентноста да се најде решение. Ви благодарам, ќе ве информираме во иднина, во зависност од средбата на лидерите - рече амбасадорот на Италија, Ернесто Белели.
Но овој начин на известување кој во последните месеци го практикуваат медиумите на СДСМ воопшто не е изненадување, особено ако се има предвид дека се обидоа да ја излажат јавноста при посетата на Заев на Израел како и пред средбата на премиерот Груевски со Јункер.
Граѓаните на социјалните мрежи не можат да се изначудат на срамниот и недостоинствен однос на новинарите на СДСМ кои наместо кон вистината и народот се свртени кон лагите и понижувачките договорања.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа