Илиевска: Во време на СДСМ, Општина Бутел беше повеќе рурална отколку урбана средина!

 

Денес во Собарнието на Република Македонија започна седмото продолжение на Комисијата за финансирање и буџет каде пратениците ја продолжија амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2016 година. 

На денешната дебата пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Весна Дамчевска Илиевска ја искористи можноста и аргументирано му реплицираше на пратеникот од СДСМ Петре Шилегов во врска со предложениот амандман негова страна во кој тој бара 20 милиони денари за изградба на колекторки систем на течението на река Серава и изградба на трим патека во Општина Бутел со образложение дека како што вели тој, токму во Општина Бутел многу малку или ништо не е досега направено. 

Во таа насока, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Весна Илиевска истакна дека многу добро памети каква била Општина Бутел во минатото односно во време на СДСМ и каква е сега кога градоначалникот на истата доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како пратеничка од Општина Бутел навистина би сакала да слушам и конструктивни предлози од сите граѓани па и од моите колеги кои што живеат во Бутел и кои што се интертесираат за Бутел, но не смееме да го маргинализираме тоа што е направено и не би сакала да се навраќам и да се потсетувам на минатото низ што се' се поминало во периодот кога навистина Бутел беше една повеќе рурална отколку урбана средина“, започна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Весна Дамчевска Илиевска.

Во врска со амандманот пратеничката Илиевска истакна дека според информациите од локалната самоуправа во однос на чистењето на реката Серава дека секоја година редовно се чисти течението на реката Серава, поточно како што кажа таа, за делот од реката Серава кој што припаѓа на Општина Бутел, бидејќи останатиот и поголемиот дел од реката припаѓал на Општина Чучер-Сандево. 

Пратеничката Илиевска истакна дека за вакви и слични проблеми и потреби постојано се реализирале средби во локалната пратеничка канцеларија во бутел каде се сослушувале граѓаните, се одело на терен и се решавале нивните проблеми. Но исто така, таа нагласи дека заедно со граѓаните ги посетувале и местата каде има проекти во тек на реализација или пак проекти кои биле завршени.

Во однос на маргинализирањето од страна на пратеникот Шилегов во делот на образованието, пратеничката Илиевска истакна дека во минатото во училиштето Живко Брајковски бувкално наставата се одвивала во несоодветни услови, но сега, како што посочи таа, ситацијата е далеку подобра и тоа училиште е едно од најмодерните училишта во Република Македонија.  

 „Не можеме да го потценуваме тоа што било вложувано во ова и во другите основни училишта во однос на реконструкција која што значи реконструкција на санитарни јазли која претставува исклучителна важност за учениците“, посочи Илиевска.

На крајот, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Илиевска наброи неколку реализирани активности и проекти во Општина Бутел кои што големо значење на жителите на оваа општина. 

„Реализирање на активности на улицата Ферид Бајрам, стојалиште за автобуси на последна 19ка, санација на тротоари на улица Радишанска, потоа кружен тек на улица Бутелска, атмосферска канализација на улица Боца Иванова, кружен тек на улица Лазо Трповски, резервоар за вода во дел од Кучевишка бара, фекална канализација во дел од село Љубанци, реконструкција на улицата Радишанска, реконструирање на сите училишта и градинки, изградба на нова градинка во Радишани. Значи тоа се само дел од многуте проекти во Општина Бутел“, заврши пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Весна Дамчевска Илиевска.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега