Очајни „ексклузивни“ лаги на СДСМ

 

СДСМ тоне во очај а доказ за тоа се серијата лаги кои секој ден може да се видат на медиумите кои се уредуваат на Бихаќка. Оваа, последната во низата е дело на порталот на Директорот на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ кој истовремено е претседател на општинската организација на СДСМ во Центар.
Порталот Центарњуз пишува дека екс директорот на ДБК Сашо Мијалков бил на ручек со Државниот обвинител Марко Зврлевски во ресторанот Балканика. За драмата да биде поголема порталот пишува дека Мијалков со повисок тон разговарал со Зврлевски кој наводно бил и вознемирен.
За сето тоа да биде поубедливо, порталот „обезбедил“ и фотографија од нивниот ручек.
Се разбира, како и секогаш, така и сега, станува збор за класична лага бидејќи таков ручек воопшто немало, а „ексклузивната“ фотографија на овој портал е направена на Ромскиот бал кој се случи одамна каде покрај Мијалков и Зврлевски имаше уште неколку стотици гости.

 

 

Оцени ја веста

21.10.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега