ПРЕСВРТ: СДСМ сега не сака технички министер во МВР

 

Законот за бомбите кој е дел од обврските преземени со Договорот од Пржино СДСМ го користи за блокирање на преговорите. Партиски извори за Press24 брифираат дека на вчерашните преговори опозицијата правела се, за да може да ги користи бомбите во предизборната кампања, иако со формирањето на специјалното обвинителство договорот предвидува да запре нивното ширење.
„Заев бара дупки и бега од обврски. Прифати закон за објавување на бомбите, а сега сака да го сведе на обичен лист хартија. Денеска да важи, а утре не. Законот да не предвидува санкции и било каква одговорност за оние кои ќе го прекршат“ – велат извори на Press24 кои биле присутни на преговорите како неутрални набљудувачи.
И самиот лидер на СДСМ вчера по неуспехот на преговорите призна дека неговата партија цели кон тоа, оние кои нема да го почитуваат Законот за бомбите, да не сносат никаква одговорност.

„Реков 8 часа се потрошија за законот за бомбите. За да можете да бидете казнувани вие медиумите и да биде воведена цензура. Нема да дозволиме да се донесат закони кои што се спротивни на европските вредности. Тоа е против Република Македонија не е само против нашите ставови. Тука беа главните проблеми,“ – изјави Заев по преговорите.

Но изворите на Press24 од преговорите велат дека воопшто не се точни информациите кои ги соопштил Заев во својата изјава рано утрово во Пржино. Тие велат дека не е точно дека Законот за бомбите бил главен камен на сопнување меѓу партиите. Најголем проблем бил Законот за влада. Имено, Заев барал неговите министри и заменици министри во Владата да добијат овластувања кои не биле дел од Договорот од Пржино од една страна и се надвор од законските но и уставните рамки од друга.

 

Имено, неофицијалните информации велат дека СДСМ барале нивните министри да можат да инсталираат свои кадри во министерствата што е спротивно со Договорот во Пржино кој децидно предвидува дека министрите ќе се занимаваат исклучиво со технички работи, што не подразбира кадровски рекомпонирања во министерствата.  Имено СДСМ барале нивниот Министер за внатрешни работи да може кога сака да менува началници поставени од претходниот министер и на нивно место да именува свои со што директно се крши Договорот од Пржино што значи дека СДСМ веќе не сака нивниот министер во МВР да биде технички.

Преговорите меѓу партиите треба да продолжат и денеска.

 

 

Оцени ја веста

20.10.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега