СДСМ предлага нов министер за внатрешни работи - Велковски и Јанковски најсериозни кандидати

 

Лазо Велковски и Раде Јанковски се најсериозните кандидати за нови министри за внатрешни работи на предлог на СДСМ, открива соросовиот Фокус. Според весникот, Велковски бил шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје-ГУВР, а Јанковски, кој потекнува од Струмица, сега е во пензија, а во 2006 годиина, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, од шеф на гранична полиција бил поставен за инспектор во полициската станица Центар.

 

Фокус пишува дека како можни наследници на Чавков се споменуваат и Силјан Аврамовски, Владимир Пивоваров, Мирослав Стојановски, Горан Митевски и Зоран Доревски.

Информациите немаат потврда од партијата.

За да биде избран кандидатот кој ќе го предложи СДСМ, согласност треба да пристигне и од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата треба да именува свој заменик министер согласно Договорот од Пржино.

 

 

Оцени ја веста

19.10.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега