СКАНДАЛ: СДСМ фатен на дело како режира вести на соросовите медиуми

 

Опозициската партија СДСМ фатена е на дело како режира вести на соросовите медиуми, за кои нема дилема дека уредувачката политика не е препуштена на уредувачкиот колегиум, туку на партискиот штаб на СДСМ.

Имено доцна попладнево СДСМ од електронската пошта која ја користи за испраќање на дневни соопштенија, изјави и известувања исклучиво за партиски активности на партијата и нејзините функционери, стигна меил во кој наместо соопштение или партиско известување стои веста напишана на порталот Нова ТВ, со наслов НоваТВ: Зврлевски: Специјалното обвинителство е политичко.

sdsmmaill

 

Поради неумешност на праќачот, овој пат е направен пропуст, па наместо до медиумите чии вести СДСМ секојдневно ги уредува испратена и вметната е мејлинг листата на сите медиуми.

Но тоа не им пречи на медиумите на СОРОС да ја превземат веста и истите да ја реобјават со што практично потврдуваат дека објавуваат се она што ќе им прати СДСМ,  а не се потпираат врз своја новинарска проценка.

Со ова се разоткрива мрежата на функционирање на соросовите медиуми кои добиваат вести напишани од штабот на СДСМ.

Ова е скандал по повеќе основи

Прво се отвора оправдана дилема дека целосно сајтот Нова Тв е уредуван од штабот на СДСМ односно се објавува сето она што ќе биде испратено од СДСМ.

 

Второ, таквата вест е реобјавена со речиси истиот наслов од Нова ТВ веднаш откако СДСМ по својата електронска пошта ја испратила веста до сите медиуми. Па така истата е превземена по насока од СДСМ од медиумите Плус Инфо на Бранко Геровски, Либертас на Ацо Кабранов, А1он на Предраг Петрович, Локално, ФОКУС, дури и он лајн порталот на Утрински весник со што е јасно дека уредникот на вестите е токму СДСМ.

Трето, ова отвора сериозен скандал со кој што СДСМ во скут ги држи сите овие медиуми кој работат директно под нивна палка и закрила, со што станува уште повидлива спрегата меѓу овие медиуми и партијата СДСМ. Ова не значи само директно мешање во уредувачката политика на овие медиуми, туку груба узурпација и злоупотреба на медиумите за политичка пресметка.

Четврто, самиот Зоран Заев изјавува и ветува “ќе ја вратиме слободата на медиумите ”. Каква е таа слобода која СДСМ ја нуди, а која сега се гледа на дело- готови текстови кои со еден маил сите портали под директна контрола на СДСМ ги превземаат.

Петто, доколку се погледне самата содржина на текстот кој медиумите на Сорос и СДСМ го превземаа, а СДСМ го шири низ медиумите под нивна контрола, ќе се види дека целта е политичко етикетирање на Зврлевски и извртување на една негова изјава согласно партиските потреби на СДСМ. Така што и сите претходни лаги и невистини кои овие денови оркестрирано се објавуваат на истите овие медиуми потекнуваат од еден извор а тоа е СДСМ која штанца текстови со невистини.

a1onskandal

libertas22

plusinfoo

utrinskii

ffokusss

lokalnoo

 

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега