Мукоски: СДСМ нема кредибилитет да зборува за правата на работниците

 

Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека пратениците од СДСМ деновиве поднеле целосно неиздржани закони кои се лицемерни и целосно популистички со цел да се добие глас повеќе од граѓаните. 

- СДСМ како политичка партија нема кредибилитет, нема ниту морално ниту етичко право да зборува за правата на работниците. Сите добро се сеќаваме дека за време на нивната мафијашка транзиција оставија на улица над 250 000 илјади работници и затворија над 650 компании во Република Македонија, рече Мукоски.

Потсети дека првпат во 2012 година ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада донесоа Закон за минимална плата. Решение, кое според Мукоски, е системско и треба во годините што доаѓаат пред нас да се надградува. ВМРО-ДПМНЕ, посочи тој, со своите политики се бори за правата на сите работници преку реализација на своите програми. Отворени се десетици и стотици нови фабрики, а бројот на работните места е зголемен. - Од 2006 година до денес во Република Македонија зголемен е бројот на вработени од над 125.000 вработени, додаде Мукоски. 

Стапката на невработеност е намалена на 28 проценти од 37,3 проценти, зголемена е просечната плата на 21,861 денар наспроти 12,597 денари во времето на СДСМ, зголемена е просечната пензија на 13,085 денари наспроти 7.684 денари, зголемени се субвенциите од земјоделството од пет милиони евра на над 750 милиони евра во 2015 година, потсети пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега